jerome-boateng-bayern-munich_4370982-640x360

Румениге потврди: Боатенг е во преговори со европски гигант

Минхен, 26. јули 2018 (Inpress) – Играчот на Баерн Минхен и репрезентативец на Германија, Жером Боатенг е во преговори со францускиот гигант ПСЖ.

Оваа вест ја потврди и извршниот директор на „Баварците“, Карл Хајнц Румениге кој за медиумите во Германија изјави дека агентите на дефанзивецот се во преговори со францускиот клуб.

За Боатенг постоеше сериозен интерес и од Манчестер Јунајтед, а доколку тој премине во ПСЖ се чини дека Леонардо Бонучи нема да се пресели на „Паркот на принцовите“ туку ќе избира помеѓу враќање во Јувентус или трансфер на Островот меѓу „ѓаволите“. (Крај)

извор: Дерби фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest