Ноќ за паметење на „Долни сарај“: Спектакуларна премиера на NUMB – Tribute to Pink Floyd (Фото)

Охрид, 27. јули 2018 (Inpress) – Вистински музички спектакл се случи на сцената на „Долни сарај“ во Охрид, каде пред повеќе од 1.000 посетители се одржа премиерата на проектот NUMB – Tribute to Pink Floyd.

Image may contain: one or more people, people on stage, people standing and night

Image may contain: one or more people, people on stage, night, concert and indoor

„Долни сарај“ беше претесен да ги прими сите заинтересирани кои дојдоа да уживаат во музиката на одбраната група охридско-струшки музичари. Зад проектот стои екипа од 11 членови кои изминативе 7-8 месеци напорно работеа и го подготвуваа материјалот.

Image may contain: 1 person, crowd

Image may contain: one or more people, people on stage, people playing musical instruments and night

Публиката во еден глас ги пееше „Shine on your crazy diamond“, „Learning to fly“, „Hey you“, „Another brick in the wall“ и уште 12 безвременски хитови на култните Pink Floyd.

Ѓоко Танески ги пее вокалите, Анатоли Aрнаудоски (гитара), Димитри Алчев (гитара и вокал), Владимир Кречоски (бас гитара), Ѓорѓи Калајџиевски (тапани), Никола Јосифоски (клавијатури), Горан Папаз (саксофон) и Ана Костадиновска, Сара Николовска и Весна Илиќ Павловска како пратечки вокали.

Image may contain: one or more people, people on stage and concert

Image may contain: one or more people, people on stage, people playing musical instruments and concert

Според реакциите на посетителите, станува збор за врвен музички производ и дефинитивно еден од настаните кои ќе го одбележат ова лето во Охрид. (Крај)

извор: Inpress фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest