gornaporta

ЈП „Билјанини извори“ ќе издава пропусници за таксистите за движење низ Стар град

Охрид, 27. јули 2018 (Inpress) – Од Јавното претпријатие „Билјанини извори“ ги известуваат таксистите и такси компаниите кои имаат решение за вршење на превоз на патници дека од понеделник 30-ти јули ќе се издаваат специјални пропусници за непречено возење во зоната на Стар град.

– Сите заинтересирани ги повикуваме да дојдат во дирекцијата на ЈП „Билјанини извори“ (Спортска сала „Билјанини извори“) од 08:00 до 15:00 часот започнувајќи од понеделник и со себе да носат решение за такси превозник и копија на сообраќајна дозвола. Специјалната дозвола – магнетна картичка која се издава чини 150 денари и се плаќа еднократно, информираат од претпријатието. (Крај)

извор: Inpress фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest