maratonciplivanje

39-то издание на Илинденскиот пливачки маратон

Охрид, 27. јули 2018 (Inpress) – Во организација на пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“ од Охрид, а под покровителство на Советот на оштина Охрид, традиционално, по 39-ти пат, во четврток, на 2-ри август, на патеката Горица-Охрид во должина од 2,5 км, ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон Охрид 2018.

– Своите пливачки способности и вештини ќе ги одмерат околу 50 пливачи од повеќе пливачки клубови од Македонија и странство, кои организирани во две возрасни групи (од 10 до 15 години и 16 и постари) ќе стартуваат во 10:30 и 11:00 часот од плажата на хотелот „Парк“. Пристигнувањето на првите пливачи на целта на Градското пристаниште во Охрид се очекува да биде после 11:00 часот, информираат организаторите. (Крај)

извор: Inpress фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest