anaidarkovoakvarius

На „ти“ со Ана и Дарко во Аквариус

Охрид, 27. јули 2018 (Inpress) – Утре во Охрид ќе се одржи промоција на книгите на Ана Јовковска „Ехо на слободата“ и на Дарко Лешоски „И тогаш Јаков му дари на Јосиф шарена облека“.

– Ја силуваме љубовта како балон пред да пукне. Болката ни станува чистилиште на патот до вистината, вели Ана.
– Стари сме да мразиме јас и ти било кого, а најмалку себеси. Не личи. Нас не нè личи! Не сме тоа јас и ти, додава Дарко.

Промоцијата ќе се одржи во кафе бар Аквариус со почето во 21:00 часот.

– Ќе го ослободиме ехото од книгите одзади брановите на езерото. Промоцијата ќе биде под ѕвезди – отворена и питома, порачуваат организаторите. (Крај)

извор: Inpress фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest