ninakravitzgreen

Вечерва СИТЕ ВО СТРУГА: Nina Kraviz на Green Beach Festival

Струга, 27. јули 2018 (Inpress) – Во рамките на 9-то издание на Green Beach Festival, вечерва во Струга ќе настапи фантастичната Nina Kraviz.

– Светската техно дива прогласена од Mixmag за најдобар диџеј во 2017-та, ќе настапи на Green Beach Festival. Вечерва е резервирана за уникатниот музички израз на најхаризматичната појава на електронската сцена, порачуваат од Green Beach Festival.

Сибирската техно дива е позната по бескомпромисните и енергични диџеј-сетови со музика која многумина не би се осудиле да ја „вртат“, а во изминатата година имаше и завршни сетови на одбрани фестивали за кои потоа зборуваше цела планета.

Таа важи за една од најхаризматичните личности на електронската сцена, а нејзините настапи се прочуени по уникатното и интензивно чувство со кое ја восхитува публиката. (Крај)

извор: Inpress фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest