kamvillage

Во среда се отвора „Бистро Вилиџ“ во склоп на „Village Вања Камчев“

Охрид, 27. јули 2018 (ИНПРЕС) – Во среда, на први август, во 11:30 часот во комплексот „Village Вања Камчев“ во Охрид ќе започне со работа новиот ресторан „Бистро Вилиџ“.

bistrovilage1Ресторанот е лоциран во комплексот „Village Вања Камчев“ (поранешен „Отекс“), на 250 метри од Меѓуградската станица Охрид и на само еден километар од пристаништето. Истиот се протега на површина од 20.000 м2, со голем покриен паркинг за 300 возила.

bistrovilage2– Понудата на нашиот комплекс „Village Вања Камчев“ сега ја збогатуваме со уште една содржина – новото „Бистро Вилиџ“. Бистрото има мало, но слатко мени, како и висококвалитетни оброци. Убедени сме дека најслатки ќе Ви бидат најниските цени, достапни за сечиј џеб. Ве каниме на нашата прослава по повод свеченото отварање на први август 2018 година, во 11:30 часот. За првите посетители на денот на отворање следува дополнителен попуст од 50% на целата храна во периодот од 12.00 до 16.00 часот, како и бесплатно кафе во текот на целиот ден, информираат од Village тимот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest