hellbanerok

„Hell летна патрола“ со „Тамаро“ и Hell Energy (Видео)

Охрид, 29. јули 2018 (Inpress) – И ова лето, како и сите до сега, ќе биде исполнето со одлични проекти на охридските „Тамаро“ маркети во соработка со Супер радио и најголемите македонски компании.

Покрај веќе актуелниот „Витаминка SUMMER TAXI“, од „Тамаро“ продолжуваат со супер-летните активности. И новиот проект е осмислен од креативниот тим на Супер радио, а под слоганот „Hell летната патрола“ ќе се одвива во текот на месеците јули и август, односно во шпицот на сезоната.

– Во текот на летните месеци, Илија Трале Левески и неговите пријатели ќе ги следат сите најинтересни настани во Охрид од полето на музиката, забавата, културата и сите останати настани каде има поголемо групирање на луѓе. Со ролери, велосипеди или пеш, тие секој ден ќе ги посетуваат најатрактивните плажи во градот, заедно со Hell Energy, а вечерта ќе бидат дел од сите настани кои ќе го одбележат ова лето во Охрид. Ќе се изработуваат видеа од нивните летни авантури, потпомогнати од Hell Energy и секако најдобрите охридски „Тамаро“ маркети, кои подоцна ќе се објавуваат на социјалните мрежи и секако на нашите информативни портали OhridPress и InPress, информираат организаторите.

Погледнете го нивното последно видео, а повеќе за момците од #ОхридБатеМое ОВДЕ.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest