balkanski-karavan

Балканскиот караван за промоција на турската култура денес во Охрид

Охрид, 30. јули 2018 (ИНПРЕС) – Општината Кучукчекмеџе од Турција, во соработка со институтот „Јунус Емре“ и општина Охрид, ќе ја презентира турската култура во рамки на проектот „Балкански караван“.

Сето ова се прави во насока на зачувување на добрите пријателски односи и соживот на Балканот кои се проткаени со силни историски врски преку традиционални културно-уметнички активности.

24_07_2018_bal_karav_1Во склоп на проектот „ Балкански караван“ ќе бидат прикажани  народни ора од различни предели на земјата, куклената претстава „Хаџиват и Караѓоз“, дервишки танц, а ќе бидат прикажани и техниките на уметностите Ебру, Бакар и Калиграфија.

Посетителите ќе бидат послужени со турско кафе, османлиски маџун и шеќерен памук.

Настанот ќе се одржи денес, на Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ во Охрид, во периодот од 17:00 до 19:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest