united-nations

Велика Британија не сака да се расправа за Косово во Советот за безбедност на ОН

Белград, 31. јули 2018 (ИНПРЕС) – Велика Британија не сака да се расправа за Косово за време на претстојното преседавање на земјата со Советот за безбедност на Обединетите нации во август бидејќи смета дека состојбата на Косово е добра, пишува „Вечерни новости“.

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, рече дека ова е очекувано и дека Велика Британија очигледно не ја интересираат ставовите на Србија.

„Тоа е за нас јасна порака“, изјави Дачиќ за „Вечерни новости“.

Весникот наведе дека во моментов се води расправа за работната програма на СБ на ОН за следните три месеци и дека Лондон не го продоложил Косово како тема, но дека на тоа се противат Русија и Кина, па резултатот би требало да биде познат до крајот на неделава.

Последната седница посветена на Косово во Советот за безбедност на Обединетите нации беше одржана на 15 мај, а генералниот секретар на светската организација, Антонио Гутереш, во секој случај подготвува редовен тримесечен извештај за состојбите на Косово, додава весникот.

Според пишувањата, доколку во август не се расправа за Косово, лесно би можело да се случи расправата да изостане и во септември, со оглед на тоа што тој месец со Советот за безбедност на ОН претседаваат САД. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest