avtobuskadelfina

Премиерот Заев и градоначалникот Стојаноски на отворањето на новата автобуска станица на „Делфина турс“

Охрид, 1. август 2018 (ИНПРЕС) – Премиерот на Република Македонија Зоран Заев денес ќе присуствува на отворање на нова автобуска станица на „Делфина Турс“ и означувањето на почетокот на изградбата на Трговски центар во рамки на автобуската станица во Охрид.

Претходно премиерот Заев ќе оствари средба и со првиот човек на Охрид, градоначалникот проф. д-р Јован Стојаноски.

avtobuskaohridСо изградбата на новиот Трговски центар кој се гради до новата автобуска станица, покрај другите брендови, во Охрид доаѓаат и Веро супермаркет и познатиот Веро Џамбо.

– Трговскиот центар ќе се протега на површина од над 10.000 м2. Веро Џамбо ќе зафаќа површина од 2.000 м2, супермаркетот ќе биде со површина од 1.000 м2 и уште исто толку магацински простории во подземниот простор, информираа своевремено за Супер радио и OhridPress од „Делфина турс“.

Оттаму додавааат дека веќе постои сериозен интерес за закуп и на преостанатите деловни простории во рамки на трговскиот центар, за кои преговорите ќе ги води скопска фирма. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest