ohridsummer2018ponuda

СИТЕ (се) ВО ОХРИД: Градот го живее шпицот на сезоната

Охрид, 1. август 2018 (ИНПРЕС) – Со бројни музички, спортски и забавни настани, Охрид како најголемиот туристички центар во државата, деновиве го живее шпицот на сезоната.

И покрај променливото време, кое многу од туристите, пред се` домашните, ги одврати од посетата, сепак градот е одлично исполнет и нуди забава за сечиј вкус. Традиционално фестивалот „Охридско лето“ привлекува бројна публика, а не помалку внимание имаше и за останатите збиднувања, во рамките на заедничкиот проект СИТЕ ВО ОХРИД, кој ги обединува сите овие настани под една капа. За спомнување се секако настапите на Масимо Савиќ, Zucchero, Darren Emerson, Tomcraft, Северина, фолк ѕвездата Цеца и сите други настани, кои во одредени денови ги има и по неколку на вечер. Сцени се и поголемите клубови и кафе барови, кои нудат шаренолика програма, најчесто составена од познати DJ имиња или пејачи од државата и соседството. Огромно внимание кај публиката предизвика и домашниот производ – фантастичната охридско-струшка соработка на врвни музичари собрани во рамките на проектот NUMB – tribute to Pink Floyd, кој на 26-ти минатиот месец се одржа на сцената „Долни сарај“ во Охрид.

numbpremieraПред нас е вистинскиот шпиц на сезоната, односно деновите околу празникот Илинден, кога традиционално градот е исполнет до последното место. Организаторите на забавните настани, токму во овој период ги поместуваат дел од најатрактивните настани, па така деновиве кои се пред нас имаме исклучително богата и атрактивна програма.

Image may contain: 1 person, text and closeup

На плажата „Градиште“ вечерва ќе настапи еден од најдобрите транс Dj-и на денешницата, швајцарскиот DJ и продуцент Liquid Soul.

Image may contain: 1 person, text

Антички театар во Охрид, вечерва ќе се одржи и големиот концерт на нашиот најдобар гитарист и поранешен лидер на култните „Леб и сол“, легендарниот Влатко Стефановски. Негови специјални гости ќе бидат Биља Крстиќ од Србија, Теодоси Спасов од Бугарија, Танос Ставридис од Грција, Весна Гиновска Илкова и нашите Љубојна.

Image may contain: 5 people, meme and text

Вечерва започнува третото издание на фестивалот Ohrid Calling, со настапот на одличните Dimitri Vegas & Like Mike. Веќе утре пред публиката на Стадионот „Билјанини извори“ ќе настапат Roger Sanchez и Jax Jones, а последната фестивалска вечер, на четврти август да биде резервирана за спектакуларниот настап на неповторливиот Armin Van Buuren.

Античкиот театар во Охрид, утре, 2-ри август, ќе биде местото на кое задолжително мора да бидат сите љубители на добриот звук, а таму ги очекува Џијан Емин, оркестарот на Македонската филхармонија и Јуан Аткинс, еден од креаторите на техно музиката. Покрај исклучителниот спој на електронска и класична музика, настанот ќе понуди и единствено ласерско шоу, игра на светла и мултисензорно доживување. Успешната приказна на Џијан Емин и Огнен Узуновски Оги од продукциската куќа Излет Мјузик, која започна во 2014 со спектакуларен концерт на пионерот на техно сцената Дерик Меј и која ја преселија во Гент (Белгија), Париз и Ница (Франција), Детроит (САД) и Мелбурн (Австралија), продолжува и ова лето, а овој пат на сцената со Џијан и Јуан Аткинс.

Related image

На 3-ти август, на стадионот „Билјанини извори“ ќе настапи и познатата Балканска пејачка Марија Шерифовиќ, а на плажата „Градиште“ истата вечер е фантастичната Dj Deborah De Luca. Најавени се и настапите на Владо Јаневски на 5-ти август и Каролина Гочева на 11-ти на Антички театар.

hernancattaneoorevce

Како еден од најатрактивните настани кои ќе го заокружат ова лето, секако е и настапот на две врвни DJ имиња Hernan Cattaneo и Nick Warren на плажа „Оревче“ на 13-ти август. Ќе слушаме back2back сет на двајца суперстар DJ-и и андерграунд легенди, а за загревањето се задолжени Jansky & BZarre (Oluk) + Lobor D (I AM DIFFERENT). Сите приходи од настанот ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Охрид е СУПЕР,

СУПЕР е во Охрид,

СИТЕ во ОХРИД!!!

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest