Otvoranje-Vero-640x360

Отворена новата современа автобуска станица во Охрид и започна градбата на „Ohrid Mall“ (Фото/Видео)

Охрид, 1. август 2018 (ИНПРЕС) – Од денеска официјално почна со работа новата современа автобуска станица во Охрид, а беше означен и стартот на градежните активности за изградба на трговскиот центар „Ohrid Mall“.

На свеченоста присуствуваше премиерот на Република Македонија Зоран Заев, охридскиот градоначалник проф. д-р Јован Стојановски, сопственикот и дел од менаџментот на „Делфина турс“ и бројни гости.

novaavtobuskaohridvnatrenadvor

novaavtobuskaohridvnatreПроектот што од 2015 година беше на хартија, сега веќе стана охридска реалност и е овде пред сите нас, потенцира сопственикот на компанијата Аднан Исмаил.

– Горди сме што Охрид доби една од најмодерните автобуски станици во регионот. Заедно со автобуската добивме одобрение за градба на Трговски центар, кој ќе биде прв од ваков вид, не само во Охрид, туку и во регионот. Двата проекта се вкупна инвестиција од 7 милиони евра на површина од 18 600 м². Првата фаза од проектот е завршена, новата автобуска располага со модерни сервисни и услужни простории, чекална, четири шалтери за продажба на билети, кафетерија и слично со вкупна изградена површина од 1.100 м². Перонскиот дел е со површина од 2.200 м², располага со осум појдовни и осум дојдовни перони. Со модерната автобуска и Трговскиот центар, Охрид ќе добие нови современи обележја, отворање повеќе работни места со што ќе дадеме и наш продонес да го спречиме иселувањето на младите, со понуда на работен ангажман не само на локално туку и на регионално ново. Бизнис заедницата верува во политиката на Владата особено сега кога сме пред вратите на ЕУ и НАТО, подвлече Исмаил.

На свеченоста беше означен и стартот на градежните работи за изградба на современиот Трговски центар. Ќе располага со површина од 10.000 м² за комерцијално работење и дополнителни 7.500 м² паркинг простор. Исмаил рече дека „Ohrid Mall“ ќе биде готов за една година.

veroizgradbaОваа заедничка инвестиција навистина е едно ново обележје на Охрид, кое ќе ја збогати севкупната понуда. Драго ми е што Охрид расте и се развива со вака модерни проекти, истакна на свеченоста премиерот на Република Македонија Зоран Заев.

– Ние како јавна администрација ги продолжуваме сите убави работи кои се отпочнати и пред нас, со што испраќаме порака до сите инвеститори за стабилност во државата и за доволна мотивираност, затоа што сме свесни дека за да се влезе во вакви проекти треба да се собере повеќе храброст. Посебно ми е драго што е ова домашна инвестиција, ќе овозможи приход на локално и државно ниво, отвора работни места, но и ги охрабрува и сите потенцијални инвеститори да се одлучат да влезат во наредни инвестиции, потенцира Заев.

IMG_8956Задоволство од оваа домашна инвестиција изрази и градоначалникот на Охрид проф. д-р Јован Стојановски.

– Посакувам се` што ветивте и започнавте да го реализирате во зацртаниот рок. Среќни сме што како град имаме прилика да го отвориме овој капитален објект кој во иднина ќе придбесе за повеќе туристи, зголемен туристички промет, подобрување на туристичката понуда и нашиот град да добие уште една нова содржина. До премиерот упатувам порака да ги поддржува и зголемува ваквите капитални инвестиции во нашиот град, потенцира Стојановски.

Во 2015 година општината отвори јавен оглас за продажба на предметното земјиште за изградба на автобуска станица, кое го купи компанијата „Делфина турс“. Темелите за објектот на автобуската станица беа удрени во месец ноември 2016 година.

novaavtobuskaohridСо изградбата на новиот Трговски центар кој се гради до новата автобуска станица, покрај другите брендови, во Охрид доаѓаат и Веро супермаркет и познатиот Веро Џамбо.

– Веро Џамбо ќе зафаќа површина од 2.000 м², супермаркетот ќе биде со површина од 1.000 м² и уште исто толку магацински простории во подземниот простор, информираа своевремено за Супер радио и OhridPress од „Делфина турс“.

Оттаму додавааат дека веќе постои сериозен интерес за закуп и на преостанатите деловни простории во рамки на Трговскиот центар, за кои преговорите ќе ги води скопска фирма.
извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest