bistrovillage

Започна со работа новото „Бистро Вилиџ“ во комплексот „Village Вања Камчев“ во Охрид

Охрид, 1. август 2018 (ИНПРЕС) – Угостителската понуда на Охрид од денес е побогата за уште еден објект. Свечено беше отворен новиот ресторан „Бистро Вилиџ“.

Ресторанот е лоциран во комплексот „Village Вања Камчев“ (поранешен „Отекс“), на само 250 метри од Меѓуградската автобуска станица во Охрид и еден километар од пристаништето. Се протега на површина површина од 20.000 м2, со голем покриен паркинг за 300 возила.

Вкусните специјалитети денес ги пробаа голем број охриѓани и гости. На редовно ниските цени, првите купувачи во периодот од 12:00 до 16:00 часот имаа дополнителен попуст од 50%, а кафето беше бесплатно во текот на целиот ден. Попустот од 20% на редовните цени продолжува и во текот на наредниот период.

По хотелот KAM Village, ТЦ „КАМ“ и игротеката „Vanja“, понудата на комплексот „Village Вања Камчев“ е збогатена со оваа нова содржина, „Бистро Вилиџ“.

IMG_8986

kam_bistro– Бистрото има мало, но слатко мени, како и висококвалитетни оброци. Убедени сме дека најслатки ќе Ви бидат најниските цени, достапни за сечиј џеб, велат од „Бистро Вилиџ“.

Работното време на ресторанот е од 11:00 до 20:00 часот, а располага со капацитет од 50 седишта на површина од 260 м2.

– Дојдете и пробајте ги вкусните јадења по најниски цени и уживајте во пријатниот амбиент на трговско забавниот комплекс Village Вања Камчев, порачуваат одговорните. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest