juanatkins-640x358

Супер ноќ во Охрид: Фантазија на Антички со Juan Atkins и Џијан Емин, Roger Sanchez на „Билјанини“

Охрид, 3. август 2018 (ИНПРЕС) – Синоќа во Охрид имавме уште една потврда дека градот полека станува вистинска Топ дестинација за забава во текот на летните месеци и дека навистина СИТЕ (се) ВО ОХРИД.

Античкиот театар синоќа беше избор број еден за сите љубители на добриот звук. Домаќини на вечерта беа Џијан Емин, оркестарот на Македонската филхармонија и Juan Atkins, човекот кој заедно со Derrick May и Kevin Saunderson важи за еден од оригиналните креатори на техно музиката, особено Detroit techno правецот.

Покрај исклучителниот спој на електронска и класична музика, настанот понуди и единствено ласерско шоу, игра на светла и мултисензорно доживување.

Успешната приказна на Џијан Емин и Огнен Узуновски Оги од продукциската куќа Излет Мјузик, која започна во 2014 со спектакуларен концерт на пионерот на техно сцената Derrick May и која ја преселија во Гент (Белгија), Париз и Ница (Франција), Детроит (САД) и Мелбурн (Австралија), продолжи и ова лето, а овој пат на сцената на Античкиот театар во Охрид со неповторливиот настап на Џијан и Juan Atkins.

Image may contain: 1 person

Dj Nasty deluxe (Супер радио Охрид) со Roger Sanchez

Вториот настан на вечерта секако беше настапот на една од најголемите легенди на house музиката, фантастичниот Roger Sanchez на стадионот „Билјанини извори“. Малку сенка на втората вечер на годинешното, трето по ред издание на Ohrid Calling фрли откажувањето на настапот на Jax Jones, на чие место во Охрид дојде Dj Salvatore Ganacci, односно Емир Кoбилич, DJ од Шведска со потекло од Босна и Херцеговина.

salvatoreПоследната фестивалска вечер, на четврти август да биде резервирана за спектакуларниот настап на неповторливиот Armin Van Buuren.

Охрид е СУПЕР,

СУПЕР е во Охрид,

СИТЕ во ОХРИД!!!

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest