evra1-639x360

Јавниот долг изнесува 5,14 милијарди евра

Скопје, 3. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Јавниот долг на државата на крајот на првото полугодие изнесувал 5,14 милијарди евра што е 47,7 отсто од предвидениот БДП за годинава.

Според податоците кои ги објави Министерството за финансии, долгот пораснал и на квартално и на годишно ниво.

Во истиот период државниот долг изнесува 4,3 милијарди евра или 39,9 отсто од проектираниот БДП.
Споредено со првиот квартал на 2018 година, државниот долг е повисок за 0,3 отсто, додека јавниот долг е повисок за за 0,5 отсто. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest