akcijasi

Акцијашите од „Брег на младоста“ најдобри на ниво на поранешна Југославија

Охрид, 6. август 2018 (ИНПРЕС) – Градоначалникот на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски, денес се средна со акцијашите од охридското здружение „Брег на младоста“, кои од 22-ри до 29-ти јули беа дел од големата акција за чистење „Скопје на дланка“, по повод 55 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје.

Охриѓани  кои со поддршка на охридската локална самоуправа се вклучија во акцијата  беа прогласени за најдобри акцијаши меѓу 200 учесници од поранешна Југославија. Во еднонеделниот престој во Скопје тие ја расчистуваа населбата „Автокоманда“, односно студентскиот дом „Стив Наумов“ и просторот кај шумарскиот факултет.

За постигнатите успеси градоначалникот Стојаноски на младите и повозрасни бригадири и бригадирки им додели благодарници со надеж дека во иднина тие активно ќе се вклучуваат во секоја акција за чистење на Охрид. Од страна на градоначалникот беше изразена волјата средствата кои ќе бидат наменети за здружението да бидат дел од годишната буџетска програма, доколку здружението навреме достави барање со предвидените активности до општина Охрид.

Градоначалникот вети дека во иднина ќе се заложи за решавање на просторниот проблем на здружението. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest