Missing image

Саем за транспорт и логистика

Скопје, 2. октмври 2014 (ИНПРЕС) – Од 14-ти до 18-ти октомври на Скопски саем ќе се одржи саем за транспорт и логистика.

Транспортот, логистиката и соодветната инфраструктура претставуваат еден од клучните фактори за развој на трговската размена на една земја, а со тоа и поттикнување на економскиот развој и поврзување со светските економски текови. Во таа насока, се наметна потребата од организирање на саемот.

„Транспорт и логистика 2014“ како специјализирана саемска манифестација на фирмите од овој сектор нуди единствена можност за претставување, афирмација и директен контакт со пошироката деловна јавност.

Саемот нуди единствена можност за:

– согледување на состојбите во транспортно-логистичкиот сектор
– кои се предизвиците со кои се соочува оваа индустрија
– во која насока се движат пазарните трендови
– местото на македонската логистика во меѓународни рамки

– Средби и собирање  искуства од водечките логистички компании. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива