policijaslika

Сообраќајка кај Ново село

Охрид, 8. август 2018 (ИНПРЕС) – Утрово, нешто по 08:30 часот се случи сообраќајна незгода во близина на Ново село.

Охридската противпожарна единица интервенираше со едно возило.

Во моментов на терен е увидна екипа на СВР Охрид. Според првичните информации, за среќа, нема загинати лица.

Наскоро повеќе информации за случајот.

Во само неколку дена во Охрид се случија неколку сообраќајни незгоди, од кои една резултираше и со изгубен човечки живот во незгодата која неодамна се случи кај селото Косел. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest