meckaljubanista

Кривична за жител на Љубаништа кој уловил мечка со челични сајли

Охрид, 8. август 2018 (ИНПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „незаконит лов“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 56-годишниот З.С. од охридското село Љубаништа.

– На трети ноември минатата година, на забрането ловиште од Национален Парк „Галичица” во атарот на селото Љубаништа, со поставување на челична сајла, тој извршил заловување, односно ранил и фатил мечка – крупен дивеч под заштита, што според Законот за ловство е трајно забрането. По овластување од дежурен Јавен Обвинител, извршен е увид при што констатирано е дека,  пријавениот, во местото „Подграде” кај Љубаништа, неовластено поставил три челични сајли-„примки” на кои се фатила мечката. Истите се подигнати и предадени на вештачење, а ветеринарни техничари од ветеринарната болница Скопје, извршиле успивање на мечката, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest