08_08_2018_ZIVKO_CINGO_2

„Потфрлување на топката“ избран за најдобар расказ на конкурсот за наградата „Живко Чинго“

Охрид, 8. август 2018 (ИНПРЕС) – „Потфрлување на топката“ со шифра „Горе главата“ е избран за најдобар расказ по објавениот конкурс на општина Охрид, а  во рамки на одбележувањето на културната манифестација Вечери на Живко Чинго.

На денешната прес конференција  тричлената комисија  во состав проф. д-р   Кристина Николоска, проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорго – Димоски   објасни зошто овој расказ е избран за најдобар во конкуренција на 50 други пријавени  раскази.

– Во  расказот се чувствува иновација преку збиена преисполонета нарација која е преточена во вид на сценарио низ која строго се движи главната мисла. Расказите  ги задоволуваат  критериумите на конкурсот каде преовладуваат актуелни, политички и социјални теми, истакна проф. д-р Кристина Николоска.

Проф. д-р Димитар Пандев посочи дека интересот за пишување раскази речиси секоја година е ист , а потврда за тоа  е идентичниот број раскази пријавени на конкурсот

Определувајќи се за расказот „Потфрлување на топката“ најдовме еден збиен расказ длабоко алегоричен во кој имаме многу игри со зборови и идеи, а сепак главната идеја останува водечка. На извесен начин во оваа тема се открива клучната тема на интертекстуалноста не само во литературата туку и во животот, подвлече проф. д-р Пандев.

Доделувањето на наградата „Живко Чинго“ ќе биде на традиционалната манифестација вечери на Живко Чинго на 13-ти август со почеток во 20:00 часот пред спомен обележјето на великанот во атарот на црквата Св. Петка во село Велгошти. (Крај)

извор: општина Охрид фото: општина Охрид

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest