kurs-po-turski-jazik

Интензивни курсеви по турски и османско – турски јазик

Охрид, 8. август 2018 (ИНПРЕС) – Општина Охрид во соработка со Турскиот културен центар „Јунус Емре“, организираат интензивни курсеви по турски и османско – турски јазик.

Системот на курсевите по турски јазик се базира на „Заеднички европски критериуми за изучување на странски јазици“. Курсевите ќе ги водат квалификувани стручни обучувачи кои поседуваат сертификати за оваа дејност. Со современи методи истовремено ќе се усовршуваат четири основни јазични вештини (читање – пишување – слушање и говорење).

08_08_2018_TURSKI_KURS_1
Курсевите ќе се реализираат една неделно, во просториите на општина Охрид, во петок и ќе траат по четири часа.

Заинтересираните ќе можат да се пријават преку социјалните мрежи, на телефонскиот број 02/3221232 или 046/262492 локал 123, лице за контакт Илкер Мустафа.

Рокот за пријавување е до 20-ти август 2018 година. (Крај)

извор: општина Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest