KupMakedonija

Одржана ждрепката за Купот на Македонија: Шкендија оди во Гевгелија, Вардар во Форино

Скопје, 8. август 2018 (ИНПРЕС) – Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, екипата на Шкендија, одбраната на трофејот во најмасовното натпреварување кај нас ќе ја започне во Гевгелија, додека пак Вардар ќе гостува кај Вардари од Форино во првото коло од Купот на Македонија.

Како по обичај, најдобрите македонски прволигаши, не би требало да имаат поголеми проблеми во Купот, со оглед на тоа дека гостуваат кај далеку послаби екипи.

Дуелите од првото коло се играат на 22. август, но Шкендија нема да игра во овој термин, туку во некој друг поради тоа што од 21 до 23 август се играат натпреварите од плеј-офот во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, каде Шкендија ќе игра во едно од овие две натпреварувања, без оглед на исходот од двомечот со Салцбург.

Двојки во првото коло од Купот на Македонија:

Струга – Победа

Кораби – Борец

Влазрими 77 – Беласица

Вардар (Н) – Скопје

Фортуна – Работнички

Лабуништа – Академија Пандев

Кит-Го – Шкупи

Поешево – Брегалница

Кожуф – Шкендија

Вардари – Вардар

Осогово – Пелистер

Тетекс – Гостивар

Братство Влазними – Силекс

Тиквеш – Ренова

Превалец – Македонија ЃП. (Крај)

извор: Спортклуб фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest