milanka_noveska_640x360

Охриѓанката Миланка Новеска апсолутен победник на натпревар за соло пејачи во Романија

Охрид, 8. август 2018 (ИНПРЕС) – Младата оперска пејачка Миланка Новеска и натаму е потврдува дека е вистинска гордост за Охрид.

Таа беше апсолутен победник на државниот натпревар за соло пејачи, што се одржа во Констанца, Романија, а доби и специјална награда посветена на големата певица, мецо сопранот Стела Марис.

Инаку, Миланка дипломира на Државната Академија за музика во Букурешт отсек музичка педагогија и заврши трета година на отсекот соло пеење во истата академија, каде и преостанува уште една година до крајот на додипломските студии за соло пеење.

milanka noveska 2
Планира во Романија да продолжи на постдипломски студии.

Таа членува во хорот на романското национално радио,каде се работат грандиозни проекти, како и во хорот на црквата Доменика Баласа.

Миланка Новеска е родена во Охрид и првите чекори на музичката сцена ги има направено на домашен терен. Во 2013 година ја доби и Светиклиментова повелба на Општина Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest