kovacic-courtois

Челси потврди: Куртоа заминува за Реал, Ковачиќ доаѓа на „Стемфорд бриџ“

Лондон, 9. август 2018 (ИНПРЕС) – Тоа што се шпекулираше неколку денови, стана реалност – Челси реши да го продаде својот голман, Белгиецот Тибо Куртоа на тимот на Реал Мадрид, а како дел од договорот го доби хрватскиот репрезентативец, Матео Ковачиќ на „позајмица“.

„Челси и Реал Мадрид ги договорија условите за постојаниот трансфер на Тибо Куртоа, доколку се согласат личните услови и се помине медицискиот преглед. По комплетирањето на тој договор, Матео Ковачиќ ќе се приклучи на ’сините’ на позајмица од една година“, се вели во краткото соопштение на веб-сајтот на Челси.

Ова доаѓа откако Куртоа „штрајкуваше“, односно не се појави на тренинзите на неговиот клуб во обид да издејствува трансфер во Мадрид, со желба да биде поблиску до неговото семејство (тој има две деца во Шпанија).

Ковачиќ, исто така, одби да тренира со Реал, откако и по крајот на минатата сезона најави дека сака да замине во тим каде што би имал поголема минутажа. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest