Глазгов, 9. август 2018 (ИНПРЕС) – Македонскиот пливач преку својот фејсбук профил објави дека до последен момент добивал лажни информации од ПФМ (Пливачка федерација на Македонија).
Верувал дека се е во најдобар ред, но тоа што е најтрагично што федерацијата не ни пратила пријава воопшто. Дефинитивно ваков третман не заслужува ниту еден спортист…
Евгениј Поп Ацев е светски првак во маратонско пливање за 2015 година и на 29 Охридски маратон во 2015 година Евгениј станува првиот Македонец победник на Охридскиот маратон. (Крај)
извор: Спортмедиа фото: архива