paraglajdingljubanista-640x360

Украинец тешко повреден по пад со параглајдер

Охрид, 9. август 2018 (ИНПРЕС) – Во текот на вчерашниот ден вработени во Националниот парк „Галичица“, пријавиле е дека на планината Галичица, кај месноста „Баба“, паднало лице со параглајдер.

Екипа на униформирани полициски службеници од СВР Охрид, веднаш е упатена на посоченото место и известена е планинарската служба за спасување како и Итната медицинска помош.

– На местото бикано „Баба“,во контактибилна состојба е затекнат 37-годишниот О.В. од Киев, Украина, кој претходно летал со параглајдер по што, од до овој момент неутврдени причини, изгубил висина и паднал. Тој бил итно пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде му биле констатирани тешки телесни повреди, по што е задржан на понатамошно лекување, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

По овласување на Јавен обвинител, увид на местото на настанот извршија екипи на СВР Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest