policijaslika

Едно лице е потешко повредено со нож во вчерашниот инцидент во Охрид

Охрид, 9. август 2018 (ИНПРЕС) – Во пекара во Охрид, лоцирана на улицата „Гоце Делчев“, вчера околу 15:45 часот е нарушен јавниот ред и мир при што едно лице е повредено со нож.

– Инцидентот започнал со вербална расправија помеѓу 27-годишниот О.М. од Прилеп и две години постариот Д.Д. од Радовиш. Караницата прераснала во физичка пресметка при што О.М. се заканил со дрво, а Д.Д. со кујнски нож. Сакајќи да го одземе ножот, О.М. со десната рака го фатил сечивото од ножот при што се здобил со расекотина на шаката. Со возило на Брза помош О.М. е пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде му се констатирани тешки телесни повреди – пресечени тетиви и крвни садови и е задржан на понатамошно лекување. На местото на настанот, увид извршија Јавен обвинител и екипи на СВР Охрид. По целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest