vinosirenje

Фестивал на „Вино и сирење“ во Охрид

Охрид, 10. август 2018 (ИНПРЕС) – На плоштадот „Крушевска Република“, во организација на општина Охрид, денес и утре ќе се одржи фестивалот „Вино и сирење“.

– Овој фестивал ги има сите предуслови да прерасне во своевиден регионален мини саем на кој ќе се презентираат виното и сирењето од пограничниот регион Охрид-Преспа, како дел од традиционалната гастрономија. Заради неговата корисност се очекува да прерасне во значаен туристички настан во Охрид и вистинска можност за презентација на новите техники на маркетинг и продажба, поттикнување на партнерски врски и воведување дополнителни стимулативни мерки, информираат организаторите.

Посетителите ќе имаат можност повеќе да се запознаат со локалните производи на ова поднебје. Програмата ќе биде збогатена со настап на Ансамбл „Билјана Јуниор“ и Оркестарот „Климе Садило“. (Крај)

извор: општина Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest