gimnazijadiplomi

Свечено доделени дипломите на матурантите во гимназијата „Св. Климент Охридски“ (Фото)

Охрид, 10. август 2018 (ИНПРЕС) – Синоќа беа свечено доделени дипломите на генерацијата матуранти 2017/2018 година во гимназијата „Св. Климент Охридски“ во Охрид.

Матурантите ги поздрави и Градоначалникот на Охрид проф. д-р Јован Стојаноски, кој им порача дека најубавите моменти во животот не им завршуваат тука, бидејќи и во иднина им претстојат убави моменти.

– Чекорејќи цврсто напред ќе постигнувате успеси со кои ќе се гордеете. Од Вас, градот и државата, очекуваат многу, очекуваме овој град да го направите уште подобар, оваа наша држава една и единствена да ја направите најубава. Да знаете дека тоа Ви е должност, заради тоа што оваа држава и овој град 18 години се грижеле за Вас, 18 години вложувале во Вас и Ваша должност е да се вратите во овој град и оваа држава, да придонесите да бидат уште поубави, затоа што само така можеме да одиме напред, рече градоначалникот Стојаноски.

Директорката на средното училиште „Св. Климент Охридски“, Весна Цветкоска, им порача гордо да чекорат напред, кон освојувањето на новите предизвици што ќе ги направат горди и нив и нивното опкружување.

Манифестацијата беше збогатена со музичко забавна програма подготвена и изведена од матурантите, а се одржа и традиционалното затворање на приредбата со фрлање на капите, информираат од охридската гимназија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: Општина Охрид

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest