EPL-managers

Почнува Премиер лигата – ова се добитниците и губитниците од преодниот рок

Лондон, 10. август 2018 (ИНПРЕС) – Првата од “големата петорка”, вечерва стартува Премиер лигата која обично носи најмногу возбудувања кога станува збор за борбата за шампионската титула.

Трофејот го брани Сити и според она што се случуваше во преодниот рок, мали се шансите некој да го симне од тронот. Најголем конкурент се очекува да му биде Ливерпул кој е еден од добитниците во летниот преоден рок. Донесоа фантастичен голман – Алисон и со тоа го решија најгорливото прашање кое ги мачеше последните години. Освен него, нови членови на Ливерпул се Кеита, Шаќири и Фабињо и се чини дека “црвените” по речиси три децении се подготвени да се борат за трофејот.

Во групата победници во летниот преоден рок се уште Фулам, Вулверхемптон, Евертон и Вест Хем.

premierliga

На спротивната страна, кај губитниците убедливо води Манчестер Јунајтед кој не донесе ниеден фудбалер од екстра класа, а раководството на клубот како намерно да го бојкотираше Жозе Мурињо. Потфрли и Тотенхем, но за разлика од Јунајтед, се чини свесно, за да заштеди по изградбата на новиот стадион.

Сезоната во Премиер лигата ја отвораат Манчестер Јунајтед и Лестер, не очекува возбудливо возење од девет месеци. (Крај)

извор: Спортклуб фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest