Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 29. степени

Охрид, 23. јули 2019 (ИНПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер.

УВ индексот ќе биде 8, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 29. степени.

– И утре ќе дува засилен северен ветер, облачноста повремено ќе се зголемува, а дневната температура дополнително ќе се намали. Од четврток температурата повторно ќе биде во пораст, а за време на викендот се очекува попладневна нестабилност со локален дожд и грмежи, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: УХМР фото: ИнПрес