makedonskafudbalskliga

Старт на македонската фудбалска лига со дербито Шкендија – Вардар

Скопје, 11. август 2018 (ИНПРЕС) – Во Тетово и во Скопје денеска ќе стартува ново фудбалско првенство на Македонија.Титулата ќе ја брани тетовска Шкендија, а нови членови во Прва лига се Беласица и Македонија ЃП.

Во првото коло денеска е и дербито во Тетово меѓу домаќинот Шкендија и скопски Вардар. Почетокот е во 17 часот, а во Скопје, во истиот термин играат Работнички – Ренова.

Другите три натпревари од првото коло се играат утре од 17 часот меѓу Академија Пандев – Македонија ЃП, Победа – Беласица и Силекс – Шкупи. (Крај)

извор: 24.мк фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest