maraton4

Денеска ќе се одржи Олимпискиот пливачки маратон на 10 километри „Охрид 2018“

Охрид, 11. август 2018 (ИНПРЕС) – Во организација на клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“ од Охрид, денеска ќе се одржи второто издание на Интернационалниот Олимписки пливачки маратон на 10 километри „Охрид 2018“.

  maraton5

maraton6

– Маратонот ќе се одржи на потегот помеѓу старото пристаниште пред хотелот „Палас“ и хотелот „Милениум“. Предвидено е стартот на трката за мажи да биде во 12:00 часот, а за жените во 12:05 часот. Пристигнување на пливачите на целта се очекува околу 14:00 часот, кога ќе им се доделат медалите на победниците, информираат организаторите.

maraton1

maraton2

maraton3

Додаваат дека за регуларноста на Пливачкиот маратон на 10 километри, како олимписка дисциплина, ќе се грижат судии од Меѓународната пливачка федерација ФИНА и клубот „Охридски бранови 2008“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest