Кошаркарките во група со Латвија, Германија и Хрватска

Миес, 23. јули 2019 (ИНПРЕС)Женската кошаркарска репрезентација на Македонија ги доби противничките во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2021 година.

Македонија е во И-групата заедно со Латвија, Германија и Хрвтска.

Пласман на Европското првенство кое во 2021 година ќе се одржи во Франција и Шпанија ќе изборат победниците на деветте групи и пет второпласирани селекции.

Квалификациите ќе се играат од 10 до 18 ноември оваа година, потоа оd 8 до 16 ноември 2020 година и ќе завршат од 31 до 8 февруари 2021 година. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива