sasodonev

ВМРО-ДПМНЕ: Капиталните инвестиции се жртва на погрешно проектираниот буџет

Охрид, 11. август 2018 (ИНПРЕС) – Неспособното менаџирање на СДСМ и градоначалникот Јован Стојаноски со Општината охриѓани го чувствуваат во секоја сфера на живеење, обвинуваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Со одлука на Советот на Општината за ребаланс на буџетот на општина Охрид скратени се финансиски средства во повеќе ставки. Која е целта на тоа што го изгласала „Комисијата за финансирање и буџет“? Скратени се средства за изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води како и за системи за водоснабдување  во висина од 10 милиони денари. Со тоа што се скратени 2 милиони денари за фекална канализација дали значи дека Долно и Горно Лакочереј ќе останат без изградба на улична фекална канализација? Згора на тоа со скратените 4 милиони денари жителите на Горно Лакочереј ќе останат без изградба на водоводна линија. Понатаму скратени се уште 2 милиони денари за изградба и реконструкција на фекална канализација, а тоа значи нема започнување со изградба на канализационен систем во Трпејца.
Едно ветуваа пред избори, друго прават сега. 4 милиони денари помалку за изградба и реконструкција на атмосферска канализација и 6 милиони денари за изградба на системи за водоснабдување. Со тоа во прашање се става изградбата на водоводна линија по улицата „Туристичка“. Почитувани, жртва на погрешно проектираниот буџет се токму капиталните инвестиции. Локалната самоуправа да одговори зошто го прави тоа и каде ги троши парите? Факт е дека ниту една капитална инвестиција не е реализирана во Охрид. Каде се ветените проекти пред охриѓани? Пропаднаа ветувањата на градоначаникот Стојаноски за развој на Охрид, како и планот за подобар живот на охриѓани, реагираат од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest