kradec_640x360

Кривична за крадец од Струга кој „олеснил“ дисконт за роба вредна 300 илјади денари

Струга, 11. август 2018 (ИНПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 34-годишниот Н.М. од Струга.

– Казненото дело тој го сторил на 31-ви мај оваа година во дисконт лоциран на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга користејќи клешти со кои ја исекол железната решетка на задната врата од дисконтот. Потоа насилно ја отворил вратата, влегол во дисконтот, извршил пребарување и од касата одзел пари и 30 алкохолни и енергетски пијалоци. Со извршувањето на казненото дело, пријавениот Н.М. се стекнал со противправна имотна корист од 300.000 денари, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest