podloga struga 2

Сè e подготвено за Струшкиот ракометен турнир

Струга, 14. август 2018 (ИНПРЕС) – Утре започнува традиционалниот меѓународен ракометен турнир „Струга 2018“, кој оваа година ќе го красат шест странски и две домашни екипи.

Ракометниот клуб Струга, на чело со првиот човек Наумче Мојосвски, кој е еден од организаторите на овој настан, најави дека оваа година турнирот ќе добие посебен сјај. Тоа се оствари, откако беше поставена новата подлога на Ракометното игралиште во градот покрај езерото, со што може да се каже дека сè е подготвено за 46-издание на Струшкиот турнир.

rakomet-struga

На овогодишниот турнир ќе настапат осум екипи поделени во две групи. Првата ја сочинуваат Еурофарм Работник, Целје, Бешикташ и Тулуз, а во втората група ќе се натпреваруваат домаќинот Струга, Железничар, Доброгеа Суд Костанца и Алингсас.

podloga struga 1

На ден пред финалето ќе се одигра и Суперкупот на Македонија, меѓу Вардар и Металург (18 август од 21:00 часот). (Крај)

извор:Гол.мк фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest