Kadetikosarka16 god

Кошаркарите до 16 години се пласираа во четврт-финале

Сараево, 14. август 2018 (ИНПРЕС) – Продолжи победничката низа на македонските кошаркари до 16 години, на Европското првенство Б-дивизија, во Сараево.

Во вчерашното претпоследно коло ја надиграа Данска со 99-89 и го обезбедија второто место во својата група, што значи и пласман во четврт-финалето.Иако данците пружија отпор, Македонија одигра одлично второ полувреме, добивајќи го со 57-43, а најзаслужни за победата беа Марко Миловановиќ со 30 поени и седум скока и Андреј Андоновски со 22 поена.

Дури и да победиме на денешниот дуел со аутсајдерот Норвешка, во 16 часот и 30 минути, нема да напредуваме на првото место, па во четвртфиналето би играле со првопласираната селекција од групата А, најверојатно Романија, која досега нема пораз. (Крај)

извор: 24.мк фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest