Semos1

Упис на слушатели за учебната 2018/2019 година во Семос едукација – Охрид

Охрид, 15. август 2018 (ИНПРЕС) – Семос Едукација врши упис на слушатели за учебната 2018/2019 година.

Училиштето нуди целогодишни курсеви и програми за: основни ИТ вештини, графички дизајн (Adobe Photoshop I Adobe Illustrator), анимација и мултимедија (After I Premier Pro), вовед во програмирање (HTML, CSS и Јavascript), специјални курсеви за програмирање за средношколци (Основи на Ц++ и Напреден Ц++). Курсевите се прилагодени според возраста на детето, а програмите и содржините се базирани врз 23 годишното искуство на Семос Едукација, македонскиот водечки бренд во областа на образование за комјутерски науки.

Учебната година започнува на 10 септември. Курсевите се одржуваат во групи од најмногу 10 ученици, а наставата ја изведуваат динамични инструктори – професори, дизајнери и програмери.

Искористете ја можноста за плаќање на 9 рати по 1.550 денари, како и попустите од 15% за рана уплата и за досегашните ученици на центарот.

Лиго Дигитал и Семос Едукација. 071/300-500 – јавете се. Уписите веќе започнаа… (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest