ribarimrezi-640x360

Кај Калишта и Радожда фатени рибокрадци со 73 рибарски мрежи и 370 парчиња риба

Охрид, 17. август 2018 (ИНПРЕС) – Овластени инспектори на Државниот инспекторат за земјоделство, во вторникот, на 14-ти август извршија вонредна контрола на потегот над селата Калишта и Радожда, при што во водите на Охридското Езеро биле затекнати 13 лица во 7 кајчиња, кои поседувале недозволен риболовен алат – висечки (лебдечки) мрежи.

Надлежните лица извршиле пребарување, при што од водите на Охридско Езеро се извадени  вкупно 73 рибарски мрежи со димензии на окца од 26 мм (вкупно 40 парчиња) и 24 мм (вкупно 33 парчиња) со поединечна должина на мрежа од 50 метри, или во вкупна должина од 3.650 метри. Исто така од водите беа извадени 370 парчиња на охридска белвица во количина од 33 килограми.

За акцијата е изготвен записник и заедно со целокупниот риболовен алат и риби се предадени на Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ). Наведеното дело „движење и задржување во риболовна вода со носење-поседување на недозволени риболовни средства визечи, летечи-лебдечи мрежи“ е дело спротивно на член 93, став 1, казниво дело по член 112, став 1, точка 17 од Законот за рибарство и аквакултура. По комплетирање на Предметот од страна на ДИЗ ќе бидат изготвени 13 Записници со констатирани прекршоци и на секое лице ќе му биде издаден по еден прекршочен платен налог во висина од 500 евра.

За настанот дополнително од страна на Државниот инспекторат за земјоделство ќе биде известено ОЈО Струга имајќи предвид дека лицата пред да бидат констатирани како се движат и задржуваат во риболовната вода со носење-поседување на недозволен риболовен алат-висечи, летечи-лебдечки мрежи истите вршеле и незаконит риболов што е спротивно на член 229 од К.З на Република Македонија.

– Вонредниот инспекциски надзор само ги потврди сознанијата кој ги поседуваа овластените лица на Државниот инспекторат за земјоделство дека се врши масовно рибокрадење во водите на Охридско Езеро со посебен акцент во селата Калишта, Радожда и Пештани но и на некои други локации. Заради сузбивање на ваквите појави и во следниот период ќе се спроведуваат засилини и нтензивни контроли од страна наинспекорските служби на ДИЗ, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Крај)

извор: Канал 5 фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest