nevreme17081

Силно невреме во Охрид (Фото)

Охрид, 17. август 2018 (ИНПРЕС) – Силно невреме го погоди Охрид нешто по 14:30 часот. Предизвика потешкотии во сообраќајот, но и сериозни проблеми за граѓаните кои живеат во пониските делови на градот.

Репортерите на Супер радио и OhridPress регистрираа високо ниво на вода на улиците. Забележително беше дека мрежата не може да ја прими водата и беше забележително дека истата се враќа назад на коловозите.

nevreme17082Во стариот дел на градот, во најниските делови, најголеми проблеми, веќе традиционално имаат угостителските објекти кои се на првата линија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest