tamaronurkanje

Тимско нуркање за тимот на АМ магацин во рамките на првиот проект на „Tamaro Family“ (Фото)

Охрид, 20. август 2018 (ИНПРЕС) – Покрај во развојот на компанијата, продажниот и производствениот процес, охридските „Тамаро“ маркети се компанија која води исклучителна грижа за вработените.

Како дел од овој процес, одговорните организираат посебен проект наречен „Tamaro Family“, во рамките на кој се организираат спортски и останати активности за вработените.

Тимот на АМ магацин, кој беше победник на првиот проект на „Tamaro Family“ во категоријата пинг понг, како главна награда доби тимско нуркање и запознавање со подводните убавини на езерото. Викендов, победничката екипа преку забава и авантура ги виде подводните убавини на Охридското Езеро со личен инструктор во Заливот на коските, кај Градиште.

Победниците од СУПЕР ФИНАЛЕТО велат дека покрај работата, позитивната атмосфера и условите за работа се она што го издвојува „Тамаро“ од конкуренцијата. Првите „Tamaro Family“ спортски игри поминаа во многу забава, игри и дружење во спортски и тимски дух. (Крај)

извор: Тамаро фото: Тамаро

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest