KirilPecakov

Пецаков: Со СДСМ имаме последно рангиран и најлош здравствен систем во Европа

Охрид, 20. август 2018 (ИНПРЕС) – Откако СДСМ го презеде здравствениот систем тој е последно рангиран и најлош здравствен систем во Европа. Ниту се реновираат болници, ниту се градат нови.

Медицинските апарати не се поправаат, а не пак да се набавува современа медицинска опрема. Медицинскиот персонал никогаш повеќе не бил деградиран и понижен, порача на денешната прес конференција Д-р Кирил Пецаков, член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

– Секојдневно јавноста ја тресе некој нов скандал во здравството. Во ЈЗУ „Општа болница“ од 31 кандидат рангиран според успех, за медицинска сестра не е примен најдобриот кандидат, туку последниот. Зошто ја уништувате надежта на медицинските кадри со високи квалитети? Ова е голем срам за охридското здравство. За Директорот на ЈЗУ „Општа болница“ и СДСМ бодирањето на кандидатите на конкурсот за медицински сестри според тестот на знаење и успехот од образованието не се пресудни за да се стапи во работен однос. Кои се тие други параметри и квалитети коишто се земаат предвид? Наместо да бидат вработени солидни кадри, способни и со висок просек, сведоци сме на негативна селекција. Врз основа на критериумите и стандардите со кои владее СДСМ повеќе од јасно е дека списокот за вработување медицински сестри кои ќе се вработат е однапред познат. Води ли некој грижа за состојбите во болницата? Здравјето е најважаниот сегмент за човекот. Тоа не важи за СДСМ, бидејќи целта е да се постават послушни партиски војници. Партиските бизниси на грбот на пациентите и здравствениот персонал е одлика на раководството на СДСМ. Граѓаните не се должни да страдаат, а за овој скандал мора да се сноси одговорност, порача Пецаков на денешната прес конференција. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest