blackforest-540x300

Завршен концерт на германскиот оркестар Black Forrest Youth Wind Band во Охрид

Охрид, 20. август 2018 (ИНПРЕС) – Интернационалниот младински оркестар Black Forrest Youth Wind Band од Германија вечерва во Охрид ќе го одржи завршниот од неколкуте концерти во Охрид и Струга.

Деновиве настапија на новата сцена пред Т.Ц. Амам и Жито Леб во Охрид, како и во Културниот центар „Браќа Миладиновци“ во Струга. Вечерашниот концерт ќе се одржи во предворјето на црквата „Св. Софија“ со почеток во 21:00 часот, а влезот е слободен.

– Оркестарот The Black Forest Youth Wind Band од Шварцвалд (Verbandsjugendorchester Hochrhein) е основан во 1986 година и се состои од 65 музичари на возраст од 14-25 години (просек 20). Тоа се членови од околу 120 заеднички групи на Здружението на бендовите на Верхен Рај, кое го опфаќа округот Валдссут-Тиенен во јужна Германија. Диригентот Џулијан Гибонс ја води оваа група од 1996 година. Симфонискиот бенд им нуди можност на младите музичари од регионот да направат музика со многу висок стандард. Репертоарот се движи од симфониска литература до современа музика, филмска музика, како и џез аранжмани. Овај бенд од Горна Рајна редовно учествува и победува на натпревари од вакви бендови, како на регионално, така и на пошироко ниво. Во нивната програмата се годишните концерти на есен и бројните концертни турнеи кои бендот веќе ги има преземено. Бендот изведува концерти и фестивали во Англија (1997), Шведска (1999), Португалија (2001), Белорусија (2003), Велс/Англија (2005), Канада/САД (2007), Норвешка (2009), Ирска/Англија (2012), Малта (2014) и Исланд (2016 година), информираат организаторите од Здружението „Тактус“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest