acemarjankorner1

Јосифоски: Oстанав со бронза само поради опомени од освојувачот на златниот медал

Охрид, 31. август 2018 (ИНПРЕС) – Ацо Јосифски, носител на црн појас IV дан, поранешен светски шампион, со бронзен медал во форми се врати од Светското Теквондо ИТФ првенство за јуниори и ветерани, кое од 20-ти до 27-ми август се одржа во Минск, Белорусија.

– Златото ми беше целта и бев фаворит во мојата категорија. Тоа го знаеја и моите противници, но за жал, првенството заврши без можност да се докажам во потполност, бидејќи во втората рунда од првата борба со претставникот на Јапонија, при мое водство, несреќно и случајно бев погоден во грбот, каде е забрането удирање, по што комплетно се блокира мојата лева нога. По интервенција на лекарскиот тим ја вратив контролата врз ногата, но сепак морав да го откажам понатамошното учество, вели Ацо Јосифоски кој заедно со претседателот на Македонската ИТФ Теквондо федерација Марјанчо Лазаревски беа денешни гости во „Радио Корнер“ на Супер радио.

Супер радио: Пред два дена со бронзен медал се вративте од Минск, Белорусија од Светското Теквондо ИТФ првенство за јуниори и ветерани. Во која категорија се натпреварувавте и какви се Вашите импресии од првенството?

Јосифоски: На почеток да појаснам дека поради големиот број на натпреварувачи кои се пријавуваат на секои две години се организира Светско првенство за јуниори и ветерани, а исто на секои две години се организира Светско првенство за пионери и сениори. Јас се натпреварував во категоријата ветерани од 40 до 65 години, меѓутоа оваа категорија е поделена на три старосни групи. Првата група silver од 40 до 49 години, втората gold од 50 до 59 години и третата platinum од 60 до 65 години. Покрај по старосната граница има дополнителна подкатегорија според килажата, мојата категорија е до 63 килограми.

Супер радио: Каква беше конкуренцијата во Вашата категорија и од колку земји имаше претставници на првенствотото?

Јосифоски: Во мојата категорија се натпреваруваа вкупно 14 натпреварувачи од 14 земји, а на самото првенство имаше 65 земји со свои натпреварувачи.

Супер радио: Според изјавите очигедно беше дека типувавте на златниот медал, но….

Јосифоски: Златото ми беше целта и бев фаворит во мојата категорија. Тоа го знаеја и моите противници, но за жал, првенството заврши без можност да се докажам во потполност, бидејќи во втората рунда од првата борба со претставникот на Јапонија, при мое водство, несреќно и случајно бев погоден во грбот, каде е забрането удирање, по што комплетно се блокира мојата лева нога. По интервенција на лекарскиот тим на Бугарската репрезентација, кој ми помогна да ја повртам контролата врз ногата, сепак морав да го откажам понатамошното учество.

Супер радио: Неодамна имавте извонреден успех и на Европско теквондо првенство кое се одржа во Талин, Естонија. И од таму донесовте медали?

Јосифоски: На ова првенство за прв пат се појавив како ветеран и ми беше како  „врата“ за големите натпреварувања. Одлично поминав, освоив два бронзени медели во конкуренција од 14 натпреварувачи од 14 европски земји. За жал изгубив, односно останав со бронза само поради опомени од освојувачот на златниот медал.

Супер радио: Кога прв пат се сретна со теквондото како вештина и какви се Вашите идни планови?

Јосифоски: Откако знам за себе тренирам боречки вештини. Со теквондото за прв пат се сретнав 1989-та година, а активно во клуб тренирам од 1992-ра година до денес. Во врска со идните планови, идната година прво имаме Европско, а потоа и Светско првенство за пионери и сениори, па ќе се посветам на тоа максимално да ги подготвиме нашите натпреварувачи за овие првенства.

acemarjankorner2Супер радио: Марјанчо, Вие сте претседател на Теквондо ИТФ Федерацијата на Македонија, преку која редовно ја претставувате државата на најзначајните теквондо натпреварувања од каде без исклучок секогаш се враќате со многу медали. Имавте ли финансиска поддршка за да го реализирате натпреварувањето на Светското првенствово Минск?

Лазаревски: На сите првенства каде што ја претставуваме Република Македонија имаме финансиска поддршка од нашиот генерален спонзор „ПН Метал“. Инаку за Светското првенство во Минск трошоците во целост ни ги обезбеди Општина Охрид и се надевам дека ја оправдавме довербата која ни ја дадоа.

Супер радио: Какава цел има и колку клубови обединува Таеквондо ИТФ Федерацијата на Македонија?

Лазаревски: Моментално Федерацијата има пет клубови. Ние како раководство работиме на тоа да се зголеми бројот на клубови во неа, а и да се зголеми и бројот на членови во клубовите. Сакаме младите да ги тргнеме од улица, а теквондото сакаме да биде уште поатрактивен спорт за младите.

Супер радио: Тренер сте во Хваранг ИТФ клубот од Лескоец. Колку сте задоволни од досегашните успесите на клубот? Има ли Охрид млади и таленитрани теквондисти?

Лазревски: Презадоволен сум од учениците од Хваранг ИТФ клубот. Благодарение на поддршката на „ПН Метал“ и благодарение на тоа што имаме врвни и многу перстпективни спортисти и редовно одиме на многу меѓународни турнири и постигнуваме значајни успеси.

Супер радио: Теквондото е типично машки спорт или тренираат и девојчиња?

Лазаревски: Не би рекол дека теквондото е само за момчиња, тоа се стеротипи. Во мојот клуб имам 10-тина се девојчиња, од кои 3-4 се и активни натпреварувачи со постигнати солидни резултати.

Супер радио: Која е најдобра возраст едно дете да почне да тренира теквондо?

Лазаревски: Нема некоја возрасно ограничување, секој и секогаш може да почне да тренира теквондо. Сепак, најдобро би било ако уште од најрана возраст се започне да се тренира, тоа би било околу 6-7 годишна возраст.

Супер радио: Пред крај, какви се идните планови на Федерацијата?

Лазаревски: Секако дека целта и плановите ни се сконцентрирани кон тоа да извадиме нови европски и светски шампиони, да отвораме нови клубови и Македонија да се гордее со нас. Оваа есен пред нас се неколку меѓународни А класа турнири, кои се најтешки, а на пролет имаме Европско првенство во Римини, Италија и Светско првенство за сениори во Ливерпул, Англија. Можам да се пофалам дека за Европското првенство веќе имаме членови кои ја исполнуваат нормата, од младите натпреварувачи Давид Крстевски ги исполна сите норми, а имаме уште 3-4 членвои кои се трудат да ја исполнат нормата, да влезат во репрезентација и да ја претставуваат Република Макеоднија на следното Европско првенство.

bistrocorner1

Емисијата „Радио Корнер“ се емитува секој работен ден од 12:00 до 14:00 во живо од Bistro Corner. Водител е Александра Алексијевска. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest