ohridavgust20174

The Guardian го рангираше Охрид на 7 место од 10 европски дестинации за одмор на крајот од летото

Охрид, 3. септември 2018 (ИНПРЕС) – Угледниот The Guardian, објави туристички водич за 10 најдобри дестинации за одмор на крајот од летото.

Како најпривлечни според историските убавини што ги нудат, достапноста со авион, угостителската понуда, забавата и пристојни цени, Охрид е рангиран на седмото место, а како илустрација е поместена оваа фотографија која го прикажува Канео, манастирот и ресторанот со исто име.

Прва на ранг листата е Катанија на Сицилија, во Италија, потоа следува Белград на високото второ место. По Белград следува Каунас во Литванија, па Кошице во Словачка, Бари во Италија, Подгорица-Црна Гора, Охрид во Македонија, Превеза во Грција, Гренобл-Франција и Пула во Хрватска. (Крај)

извор: The Guardian/Ало.мк фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest