lenny kravizt

Лени Кравиц: Годините не се пречка за креативност, ќе свирам додека можам

Лондон, 3. септември 2018 (ИНПРЕС) – Единаесеттиот студиски албум на познатиот пејач Лени Кравиц, ќе биде објавен следната недела, а љубителите на овој звук меѓу новите песни ќе можат да го слушнат и гласот на кралот на поп музиката, Мајкл Џексон.

Во интервју за „The Sun“, Кравиц зборува дека му е чест што соработувал со Џексон, односно дека годините не се пречка за креативноста и додаде дека присуствувал на прославата на 60 роденден на Мадона.

Џексон, кој почина во 2009 година, пее во нумерата „Low“, а Каравиц рече дека е исклучително среќен што соработувал со него.

„Ја напишав и продуцирав песната (I can’t make it), која излезе на неговиот албум „Michael“, кој е објавен по неговата смрт. Кога ја пишував нумерата „Low“, чувствував дека тоа е песна која навистина би му одговарала на Мајкл – кога ја снимав, само го слушнав неговиот глас“, вели Лени.

Вели и дека голем број на луѓе не сфаќаат дека поголемиот дел од стиховите во песната „Low“ ги пее токму Џексон, а не Кравиц, за кого велат дека наводно го имитира неговиот глас.

„Мајкл секогаш бараше инспирација, навистина беше еден креативен дух, и многу се смееше“, додава тој.

Иако има 54 години, Кравиц така не изгледа, заклучува авторот на текстот во „The Sun“.

„Годините немаат врска со креативноста. Сега бев во Њујорк. Присуствував на 60 роденден на Мадона. Јас гледам во иднината, во наредните 25 години, бидејќи гледам дека Мик Џегер и Боб Дилан продолжија да растат. Зошто да останеме заглавени во минатото?“, се запрашува Кравиц.

Мораме да се движиме

„Ролинг Стоунс“ имаат такво наследство, но и понатаму играат со таков интензитет. Ги видов некои од најдобрите свирки на „Стонси“ во последните неколку години. Неодамна загубивме толку голем број на луѓе кои не потсетуваат на значењето на музиката. Мораме да правиме што повеќе музика додека сме овде“, вели Лени. (Крај)

извор: Кајгана фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest