Војводина со победа над Нексе ја отвори СЕХА сезоната

Нови Сад, 3. септември 2019 (ИНПРЕС)Војводина со 29:23 (13:11) го победи хрватскиот Нексе за отварање на 12-тата сезона во регионалната СЕХА Газпром лига.

Домашниот тим имаше предност од стартот до финишот против хрватскиот вице-шампион за со победа да го отвори натпреварувањето. Јовица Николиќ беше најефикасен со пет постигнати голови, додека поранешниот вардарец и ексмакедонски репрезентативец, Немања Прибак постигна четири гола за Војводина. За Нексе, Иван Думенчиќ постигна четири гола.

Македонските претставници исто така ја отвараат сезоната – шампионот Вардар денеска игра со кинескиот Пекинг Универзити, додека дебитантот во лигата, Еурофарм Работник утре го пречекува рускиот Спартак Москва. (Крај)

извор: Топспорт фото: Сеха