MickoskiStoltenberg

Мицкоски со Столтенберг: ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за неприфаќање на Договорот со Грција

Скопје, 6. септември 2018 – Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. На средбата, како што информираа од опозициската партија, станало збор за актуелните случувања во земјава, за Договорот со Грција и за претстојниот референдум.

Мицкоски посочил дека ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува интеграциите на земјава во НАТО, и дека членството во оваа организација, како и интеграциите во Европската Унија се од стратешки интерес за земјава. Тој подвлекол дека Договорот со Грција е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ и е надвор од нејзините познати принципи и начела, па затоа ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за негово неприфаќање.

„ВМРО-ДПМНЕ смета дека власта треба да се посвети на подобрување на реалните области за живот кој се од суштествено значење за граѓанинот, а таму се до сега се забележува огромна стагнација пропратена со огромен број на афери и сомнежи за злоупотреба. Што се однесува до самиот став во однос на референдумското изјаснување, ВМРО-ДПМНЕ привршува со процесот на широки консултации и во текот на идната недела ќе заседава Извршниот и Централниот комитет на партијата“, информираат од партијата. (Крај)

извор: 24.мк фото: 24.мк

 

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest